Облакот е голема рана на небото неговата сенка земјата ја притиска мислата на него светот го разјадува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сам си ја средуваше големата рана на стомакот, со мала помош од нас.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Таа насобра неколку грста и напреку тргна по угорнината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Затоа и молкот нејзин е суров, студен и мрачен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сама! Сама, меѓу толку луѓе кои споделуваат иста судбина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не помогна ни пролетта која по два-три месеца довјаса да и ја исцели големата рана на душата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во куќата тој тагува, со голема рана во душата, по последното козле што го напушта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ја пронајдов твојата голема рана; тој цвет на колкот ќе те уништи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така траеше Мајкиното самување, големата рана во нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но во душата, Мајкината недокрај разбрана осаменост, оставаше голема рана.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А тој само си ја спомнува раната. Големата рана што не се гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)