Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Еве што вели тој самиот за себе и за неговото родно место: „Маказар беше и сега е големо село и на важно место.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кај има толку големо село на светот во коешто ќе може толку срам да потоне, да го испие земјата?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Празникот Преображение поминал и сега сѐ околу него е тивко и во неколкуте викенд- куќички поназад таму, на местото на некогашното големо село, е тивко.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сега е големо село.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)