Да беше во прашање голем човек, немаше ова ништо да значи, го испитал и самиот на себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А посетителите на оваа изложба ја разгледуваат добродушно осмевнати, полни топло разбирање за детската фантазија, толку радосно признателни, какви што не се никогаш кога посматраат творби на голем човек, освен ако тој не е веќе покоен и како таков признат за генијален сликар.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога била бремена, сретнала некоја стара жена која ѝ го прорекла токму тоа, и тие нејзини зборови, “голем човек”, често ги повторуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа уште пред да го роди верувала дека тој ќе биде, како што велеше, “голем човек”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но во начинот на кој му се обраќаше тој остануваше секогаш мал: го викаше “мојот златен Зиги”, секогаш мал, секогаш нејзин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ПОЧИВАЈ ВО МИР голем човеку ќе те славиме вечно!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Траеше неколку ноќи. Го држеше оној голем човек, а тој ги држеше нив, неколку долги ноќи, полни месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
(Дека има долги нокти, а и кој прави уште?) „Маж ти многу голем човек е (дека сум го видела), ама многу е лут кога е нервозен (а кој не е?)“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сезан (Cezanne) во тоа време беше голем човек.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ме гледаа со мили, благодарни очи, како да велеа: - Благодариме, Леме, да си живо, да си здраво, умно момче, секогаш среќа да те следи во животот, голем човек да станеш, најголем!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, тој беше дете и покрај тоа што знаеше сѐ и покрај тоа што можеше ѓаволски да измислува, и покрај тоа што можеше да се однесува како голем човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Меѓутоа, еве го повторно на припомош Сјоран.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Републиката која си се почитува би требало да се мобилизира кога ќе се појави голем човек за да ја води, да го спречи да создаде легенда околу себе, да заземе место во историјата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Глупости,” рече, „ова се глупости, Круме Волнаровски да се теши со воспалените хемороиди на некојси европеец, и така натаму, значи јас да си ја зашијам устата, да не офкам затоа што некогаш страдал и некој голем човек кој бил голем колку и мене, оти бил затвореник.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ти бездруго беше голем човек и доктор, не ми треба ништо од нив“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Убава политика води Мехмед со Србите. Ќе биде голем човек тој паша – се изрази ласкаво Сулејман за својот иден Велики везир Мехмед Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Што по нашки би значело нешто како... Моќите на сонот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Ќе ти појаснам – продолжи Хорацио Цвикало. – Разликата меѓу големиот малечок човек, замисли го на пример амбасадорот на Америка, Русија или Франција во нашава држава – имаш чест да се запознаеш со нив преку ТВ екраните, и малечкиот голем човек, некој што можеби си го возел во ова такси, не сфаќај ме суетно, не мислам на себе, значи разликата меѓу едниот и другиот е, просто кажано, во начинот како го решиле судирот меѓу личната духовна конституција и она што се нарекува судбина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Едно дете што расте, расте и расте, и што еден ден треба да биде голем човек.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Остави спомени не само на голем човек, туку и на вешт и моќен дипломат во пресудните времиња за иднината на Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Амбасадорот Патрик Крисман, како во Македонија, така и во Албанија, според сведоштвата што не престануваа да се рластат и кога тој беше заминат од овие земји, остави незаборавни впечатоци на голем човек, кому мисијата на дипломат на својата голема земја, му беше голема рамка да ја искажува големата хуманост во времињата кога овие народи страдаа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се знае нашето. Еве ти на, што ќе бидеш ти голем човек...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И секако им беше чудно што олкав голем човек се валка среде улица.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кумовите Танаско и Пена, единствените сведоци на раѓањето на Пеличка, дошле да ѝ пожелат сѐ најубаво сега на почетокот на школувањето, да биде здрава, умна и убава, да стане голем човек оти ете има можност да учи на македонцко школо со македонцки лаф и со македонцко писмо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ме гледа детето, ко голем човек ме гледа и така ме разбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На пример, имав идеја да бидам голем човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)