Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Работодавачот ПЗУ „Градска аптека“ беше задолжен, во рок од осум дена од правосилноста на Пресудата, на Папазова – како поранешен вработен, да ѝ исплати главен долг во износ од 56.040 МКД (околу 920 ЕУР), зголемен за законската казнена камата, и тоа по следниве пет основи: а) на име разлика за помалку исплатени плати – сума од 21.169 МКД; б) додаток на нето-плата за признат работен стаж [т.н.„минат труд“] – сума од 15.670 МКД; в) неисплатена хранарина – сума од 10.000 МКД; г) додаток за патни трошоци – 7.851 МКД; и д) работа на празник – сума од 1.350 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 32.200 МКД (530 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)