Оваа рамница треба да биде новата градска плажа на која во најблиската иднина ќе се сончаат и пливаат не стотици, туку илјадници корисници. И ќе носат пари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа второ патување од Гаково до Скопје фиксирано е во Дневникот, а еден добар дел се наоѓа и во Плочата на животот, дека добро сме патувале ние неколкумина, дека приемниот поминал во најдобар ред и дека сме имале неколку убави денови на Вардар над Градската плажа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)