Автор е на следните дела: Драми - Една вечер (1948), Последните гаврани (1950), Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958), Црнила (1960), Игра или социјалистичка Ева (1961), Градскиот саат (1965), Вител (1966), Партитура за еден Мирон (1967), Земјаци (1967), Тројца и вистината (1967),
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога во мракот пак удри градскиот саат, не разбраа колку е ама си рекоа дека е време за спиење па се одвалија на сламата и заспаа со дланките под главите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во секоја вистинска песна на Абориџините има макар еден блесок на комета, има и оптегнати тетиви од кои како стрели фрчат сеќавањата, има и клисури во кои не се слуша како градските саати го мелат времето, а секогаш има и по некоја јамка за ловење на дивата месечина и друг дивеч.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
А и кулата за градскиот саат, која беше довршена и го доби на врвот саатот довлечкан од Сигет, ги крунисуваше тие дела за гордост и пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)