грчки (прид.) - држава (имн.)

Туку-речи и не остана весник кој не побрза да напише за тој голем подвиг на грчката држава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа, самиот извештај преставувал своевиден "шок" и "отрезнување" и за експертите во Форин офис, од кои повеќето ѝ биле наклонети на Грција како стар британски сојузник и ги бранеле интересите на грчката држава кои биле дефинирани од страна на владите во Атина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај напорите на грчката држава од 1913 година да го промени етничкиот карактер на делот на Македонија под Грција со присилна асимилација и со денационализација, Еванс сепак ќе забележи дека "Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал домашен јазик… на полето, на селските улици и на пазарот", а наспроти тоа грчкиот јазик "се смета речиси за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, во целосна смисла на зборот се сметаат за туѓи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Извештајот во основа ги отфрлил грчките статистички податоци за непостоење на Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)