грчки (прид.) - пропаганда (имн.)

Грчкиот конзул, пак, кога се однесувало за македонското револуционерно движење и воопшто за било која акција што не се совпаѓало со желбите и стремежите на грчката пропаганда во Македонија, ниту можел а ниту сакал да биде објективен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поради тоа, основна преокупација на целокупната грчка пропаганда, раководена од Атина и од Цариград, била со неизбирливи средства да ја компромитира Организацијата пред европската дипломатија и пред јавноста како орудие на бугарската пропаганда во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчката пропаганда, рековме, со сите сили се трудела да ја компромитира Револуционерната организација како носител на туѓи интереси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во Костурско Србите немаат пропаганда не затоа што костурци не се Срби, ами доброволно ѝ ги отстапуваат на грчката пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во рамките на познатата политика да се убеди Европа дека македонското револуционерно движење било, наводно, управено повеќе против Грција отколку против турските власти, грчката пропаганда се трудела да докаже дека Солунските атентати биле управени и против патријаршиските установи. Аргументите била измислувани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчката пропаганда и одделно весникот “Емброс“, што тука излегувал, се натпреварувале со турската пропаганда во напаѓањето и клеветењето на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ставот на грчките владејачки кругови и на грчката пропаганда спрема револуционерните настани во Македонија не се разликувал од оној на турската влада. Тој бил непријателски.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)