даден (прид.) - момент (имн.)

Зошто, кога би било променето во која било форма погодна за дадениот момент, тогаш таа нова верзија е минатото и никакво поинакво минато не можело никогаш да постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби пристапот што овде го опишав за деконстукција на нарациите и знаењата со кои индивидуите живеат, не се сосема различни од работата на Дерида на деконструкција на текстовите (1981).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Намерата на Дерида беше да се поткопаат текстовите и да се тестира привилегираноста на специфичните знаења со методите кои “ја деконструираат спротивноста . . . да се отфрли хиерархијата во даден момент”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И сето што е надвор од нас и разграничено од нас, и со сето останато што се разликува од нас и од него (од она, за кое говориме во дадениов момент) со просторот, макар и исполнет со воздух, ние тоа го нарекуваме предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На втората тура ѝ се подотерав, нели никогаш не знаеш кого ќе го сретнеш во даден момент, а ти - во влечки!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Составени се од разнороден материјал кој во дадениот момент и на даденото место бил при рака: филозофијата на јазикот, популарниот виц, психоанализата, феноменот на масовната култура, критика на идеологијата, народна пословица, пцост, воен злостор, Кант & Сидни Ламет, Лакан & Фрањо Кухариќ, Аралица & Хамлет, Бајо Паторот & Ј.Б.Тито... 12 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)