денешен (прид.) - употреба (имн.)

Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку и да беше Камилски селективен во изборот на (без)опасните османизми, тој не можеше на почетокот од работата да претпостави дека ќе си има работа со толкава грамада од заемки, со коишто едноставно не знаеше како да се справи, останувајќи верен на преземената задача.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ќе забележи и солиден број заемки за називите на јавни градби, градени уште од времето на Османската Империја кои останале и со денешна употреба речиси во сите земји на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу називите за разните јавни објекти тој ги издвои следните: амам, стара турска бања (од турски hamam); ан, хан (од персиски han); карван-сарај (од персиски kervansaray); конак (од турски konak); механа, меана (од литературен персиски meyhane); кафе, кафеана (од арапско- персиски kahvehane); топана, место каде што се изработувале топови, склад на муниција); кале, тврдина, град (од арапски kale); кула, тврдина, висока беговска куќа (од арапски kule); бина, голема зграда, куќа во изградба (од арапски bina); тарапана, место каде што се коваат пари (од персиски darbhane); апсана, апс, затвор (од арапско-персиски hapishane).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од заемките за означување простории во куќата, меѓу кои не малку се и во денешна употреба во балканските јазици, Камилски се задржа на: одаја, одаа, со значење соба (од турски oda); чардак, истурен (покриен) преден дел на куќа (најчесто на горниот кат), со отворени бочни страни што по некои куќи се застаклени и со убава глетка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски запирајќи на оваа заемка и забележувајќи ја во својот голем жолт нотес, наменет за бележење на балканските ides generales, се сети на чардакот на нашата куќа крај реката со поглед кон тврдината, кон која со Татко ги упатуваа погледите во долгите работни средби, кога запираа пред енигмата на некоја мистериозна османска заемка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)