десен (прид.) - рамо (имн.)

Десното рамо ѝ беше истетовирано: Златно-жолтата крива сабја грубо ја сечеше црвената роза на два дела.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Неколку минути Симона пливаше во базенот. Потоа ѝ пријде еден набилдан дечко, со избричана глава и тетоважа на симболот на гардата на десното рамо – црвена роза пресечена од златно – жолта крива сабја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Знаеш ли ти дека ова е царска земја и треба да платите на царот што ја јадите неа? – и пак му удри друг грбач по десното рамо. – Аир, ефенди – почна да се брани кефалијата. – Нам никој досега не ни рекол да плаќаме за земјата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да можат да видат сега тебе, ќе пратит здравождво на нејзиниот мајка. – Поминаа крај конакот, но Трајко го зеде качето со маста на десното рамо да му го закрива лицето од прозорците на конакот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Е, братче, многу треба да се чека додека да се вработиш и да си купиш авто“, воздивнав и го тупнав Влатко по десното рамо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ДВАПАТИ МЕРИ ЕДНАШ СЕЧИ
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој има фиќо, а сонува - мерцедес.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Купувам старо, ревна ненадејно од ќошот Баждар нишајќи се во црното палто и со префрлена стара вреќа преку десното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)