Единствено тоа: доволно е да се вовлечеш во она што изгледа како „пренесувач на метафората” - да речеме: желка, топче лук -, и тогаш се тркалаш како бодликаво прасе, се кострешиш како еж, или како ти текне: се укопуваш ко бубамара („со стапала долги како детски гробови”), смрдиш, чекориш наназад, кричиш, трепериш, конечно пронаоѓајќи и други кожни вреќи за полнење со цвеќиња и миризливи смоли (тела, за балсамирање!, разбираш?), и инакви состојби на постоење, така ли.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Мали, небаре детски гробови заградени со жива ограда и со живи спомени.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)