Ја слекува маицата со долги ракави, па почнува со пантолоните, кога една дводенарка се истркалува по подот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во собата 07 на хируршкото одделение, Мишкец е единствениот пациент.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Црни панталони, бела кошула со долги ракави и лептир машна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Драга Агна“, ѝ пишував, „денеска цел ден лунѕав по маказарскиот предел, откопував камење и џбуње, провирав рака во долгиот ракав на минатото, сетив како една возбуда се ниша во самарот на еден црвен коњ, за првпат до свеста ми допре постоењето на Маказар и на неговите луѓе на плочата од минатото стара век, два или повеќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се спремија. Ленче и Таки, Томеица, Христина, Лазе, Тодор и Коле. Томето беше облечена во убав, долг со долги ракави бежов фустан, со чипка во лична изработка на платката над градите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Таа, облечена во снежна венчаница со долги ракави, го погледнува од под велот со топлиот поглед на светнатите очи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)