долг (прид.) - редица (имн.)

И долга редица жерави, доаѓајќи од кај север, од кај Прилеп, и кликтејќи јадосано ја прелетуваат Потковицата и преку Градишки Рид одат натаму на југ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мириса на вино. Секој испива долга редица од баварските халби бира и вино. А тоа само се точи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но беше доцна: мојата роднина Емилија веќе беше се наведнала над пултот врз кој лежеа раширени, големи атласи со карти на далечни мориња, модри слики на ѕвезденото небо, книги со долги редици бројки во кои беше означен односот на географската широчина и должина со положбата на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги видов и модрите рани од приборот за јадење, забраните за непрактични вљубувања, прередувањата на Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштата, натоварувањата на Бабите со тешки товари врз корпата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во долги редици ја месеа калта ги влечеа маските и коњите за узди, а кога ја фаќаа угорнината што води накај Шак, ти знаеш тие места, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свртев глава и видов долга редица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се закопчувам до крај...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги гледам светлата, црвените, долга редица, трепери во одблесоците на водата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тргнувам полека накај станицата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И денот го паметам, беше попладне, 24 март и се до зајдисонце, во толпи и долги редици, истоштени и капнати од долгото патување, стигнаа во Лобаница многу деца. Имаше мали, големки и поголемки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во долга редица, еден зад друг, го газевме снегот и над нас светеше полна месечина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некаде во средината на долгата редица некој запеа, но никој не ја прифати песната што требаше да додади храброст и бодрост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)