Да резимираме: класичните мајстори на перспективата во своите трактати јасно ги раздвоија, од едната и другата страна на трите хоризонтали - од кои најниската ја претставуваше линијата на хоризонтот од долен домен, а највиосоката линија го претставуваше челото на горниот домен - двата разнородни простори: просторот на геометриската проекција и просторот на проекцијата во перспектива, со други зборови дводимензионалниот простор и привидите на еден тродимензионален простор.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но она што тука се артикулира во пресекот на трите хоризонтали, е оцртувањето во долниот домен на една перспективистичка машинерија, а во горниот домен на привидите на еден четиридимензионален организам: тело на една Невеста што се простира во четири димензии.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)