Таа не ја врти главата, не ги упатува очите на лево, оди само напред, полека, полека, не ја ни чувствува тежината на ќеркичката, ама во нејзината глава се сместува последната куќичка, онаа што со пар прозорци гледа на долната улица, а само со еден на оваа по која сега чекорат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пелагија ги испрати дури до долната улица која од пругата наваму продолжуваше од Ѓуро Ѓоновиќ, таму ги изгушка патем наспомнувајќи дека во недела Деспина ќе се армаса за Атанас на Вета и дека многу се радува заради мајката Роса која толку многу има страдано, а Чана, како навредена, Знм, ми кој уд нас нема страдано? и се разделија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)