Пиењето кафе во домашна атмосфера и притаено светло ми е фаворит во секојдневните ритуали.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Стилот што се провлекува во делата на американската современа литература на писателите како што се: Даглас Коупленд, Брет Истон Елис и Николсон Бејкер, веднаш е препознаен како Ворхолов: она што е карактеристично за него е мешавината на домашната атмосфера и наместените наивни изјави.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Истиот случај е и со делото Филозофијата на Енди Ворхол (Од А до Б и назад) (1975) напишано од Боб Коласело, каде Ворхол, кој е најмалку интимен, развива духовит, смирен, конверзациски тон што го дефинира како “писател” во најкла сична смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го переше, го пеглаше и Богдан се чувствуваше среќен во ваква домашна атмосфера која со години ја немаше почувствувано и за која мечтаеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
“Б ми даде детална слика за шоуто на Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)