Капките се слеваат по твојата шофершајбна, а ти размислуваш за оној далечен ден кога те однесоа на излет со семејството на чичко Живко и кога нагло заврна и дождот ви ја растури првомајската скара и тебе те сместија во старата лада и ти дадоа една недопечена кобасица додека сите други останаа гладни и потоа ти пуштија радио и фудбалските коментари се мешаа со звуците на домашната естрада...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)