Доволното количество вода што го испив на последната чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секако, тоа е кревок рламен, растреперен и под закани, но, сепак е рламен кого никаков удар на судбината, никакво предавство, не би можело да го совлада.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не беа најимпресивни хаотичните и драматичните ситуации со кои постојано се судираше, почнувајќи од бреговите на Охридското Езеро па сѐ до бреговите на Босфор, туку начинот на кој тој ќе ги совладува противречностите заедно со своето семејство, имајќи крај себе и една прекрасна сопруга достојна за восхит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)