________________ 2 Дрвена куќа, позната во отоманската архитектура, обично извишена крај морето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега му се сторија уште потивки и поосамени: фенерите почнаа да се појавуваат поретко – очигледно, тука веќе не се давало толку масло; се појавија дрвени куќи, тараби; никаде жива душа; светкаше само снегот по улиците и тажно се црнееја заспаните ниски куќарки со навлечени капаци.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Надвор ја видоа дрвената куќа на Дине Бочаровски - барака правена веројатно како придружен објект додека се работело на зградата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ќе стегнат мразеви, сами деца оставаш со оган во дрвена куќа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)