Со благост се сеќавам и на оние што со дренова прачка ме удирале по рацете, за да исправат некои кривини во мене, да истераат некој инает од мене.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А дали е ден или ноќ, познаваш по редоследот на тепањето: секој ден тепање, систематично, како по учебник, од дланките како во основно училиште со дренова прачка ама и со корнење на ноктите до табаните за кои никогаш не си помислувал дека преку нив ќе почуствуваш нешто освен умора, а не пак да ти се одлепува дебелата кожа како износен опинок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)