И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Насобраниот народ е возбуден од глетката, од тоа вревење, прпелкање, од бесот и очајот на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Постоеја загледани во гробот, а потоа љубопитноста ги повлече и еден по друг почнаа да клекнуваат на колена и да го лепат ушето на плочата од гробот и да ослушнуваат; од длабината им идеше некаков подземен шум, тих, нејасен.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога таа ноќ легна со брата си (спиеја во иста соба) и другиот почна весело и брзо да зборува за роденденот, тој одговараше непрегнато, не можејќи да ја скроти зависта.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тогаш чичко Тони стана и со стиснати заби рече, - ти реков да престанеш, мори, - и ја грабна Ане со едната рака, а со другата почна да ја удира.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бидејќи јас не се осмелував да се поместам, таа го фати со едната рака за ременот околу вратот, и со другата почна да го чеша зад ушите, сѐ така говорејќи му дека бил добар пес, убав пес.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Подоцна, кога во трендовските списанија како и што се Arts, Art Forum, Art in America, Kunstforum и други почнаа да се појавуваат делата на Анахронистите - Клаудио Браво, Бартолини, Мариани, Лисјен Фројд и др. - како претставници на еден псевдодекадентен модалитет на постмодернизмот, нештата во однос на моите дела благо се променија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)