друг (прид.) - ни (зам.)

МИТРЕ: Море земјата ни е арна, бериќетлија ни е, туку друг ни го јаде бериќетот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ЈАКОВ: На слободата треба да се сетиш. Ние постојано ја забораваме, и сѐ некој друг ни е виновен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во Париз имаат Триумфална капија, во Лондон Биг Бен, во Прилеп Могила на непобедените. Ние, Скопјани - шмизла! Ееее, после друг ни е крив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дедо Господ ни враќа топлина што други ни ја крадат!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со едната рака го држи леѓенот, со другата ни поттура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)