- Извинете, а колку е сега? - Точно 18 и 51 – како од топ, со неочекувано звучен алт, грмнува пониското женско, кое, очевидно, недостатокот на висина го надоместило со нагласување на акустичните и други атрибути – половина од севкупната површина на лицето: Од студот лут / лицето смалено е / но не и носот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)