друг (прид.) - континент (имн.)

Таа му ја тутна тепсијата во раце, полна со нови колачи, и со скоро неразбирливиот француски акцент, му рече дека и таа испекла нешто за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Раскажуваа носталгични војнички приказни за дома (како домовите да им беа на друг континент, а не само триесетина километри од нивните позиции), женетите за децата, неженетите за девојките, некој секогаш ги пцуеше политичарите, а тој најчесто молчеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А колкав само свет постои околу нив – други континенти, други светла, подобар живот, повеќе пари од платите на нивните родители, кои некако незабележливо стануваа помали и нередовни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Излагал на дванаесет групни и три самостојни изложби, од кои една третина во Европа, а една петтина на други континенти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одеше до такви крајности што со месеци не готвеше месо, ако беше актуелно прашањето со лудите крави, макар и во некоја земја на друг континент.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што го доживеав во еден таинствен крај на светот, во Европа или на некој друг континент, не му се случило ни на Марко Поло ни на Колумбо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)