друг (прид.) - мој (прид.)

Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без да имам потреба да ја покренам ногата на нешто како другите мои врсници. Еве сега кога ќе станам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Многу интелигентна, како и другите мои ѕвездички.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Еден друг мој колега, (по пишување стихови и книжени дрсканици) секогаш кога ќе мавне чашка две-три ракија, сериозно се заслушува во песната што ечи преку кафеанските звучници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чувствата ми беа измешани. Се радував! Бев тажна. Чувствував болка во стомакот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го броев и Александар, другиот мој чичко, мојот идол!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И другите мои посетители пред тоа и потоа раскажуваа за мигови на пројавување на црните луѓе, но за коишто само чуле.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не можев да ја отцртам кога веќе ја нацртав, ни да ја избришам со гума кога не беше во мојата цртанка и мирна како другите мои цртежи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Карамба-Барамба се потпре со дланки на колениците и се загледа во смешното човече.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога ќе бидете возрасни ќе ги читате и другите мои дела, исполнети со патилата на нашиот народ да опстане на овие простори, постојано во докажување на сопствениот идентитет и бранејќи се пред бројните насилници и насилија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)