Генијалноста на Милеровиот пристап кон бродвејскиот мјузикл е во тоа што му овозможува да ги испитува машкиот геј-субјективитет и неговата градба, истовремено заобиколувајќи го душевниот живот на поединецот така што се служи со форма од масовната култура која е популарна меѓу геј-мажите за да ја документира и да ја врати својствената организација на субјективитетот што кај геј-мажите како група ја создава некој особен сплет на историски и културни состојби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, сепак можеме да ѝ се опираме на својата општествена позиционираност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со оглед на тоа како се структурирани во хетеронормативното општество општествениот и душевниот живот, како се структурирани општествениот свет и човечкиот субјективитет, а и со оглед на непријателската осуда од хетеронормативното општество на хомосексуалноста и на женственоста, геј-мажите немаат многу-многу избор, освен да го заземат тој абјектен, феминизиран домен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тоа, геј-културата едноставно си ја признава положбата – пошироката општествена состојба во која се наоѓаат геј-мажите во стрејт-општеството – како и нејзиниот единствен однос кон сплетот од општествени вредности што одат со претежните културни облици на тоа општество.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички.
На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење.
Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машките геј-културни практики, затоа, се склони да си ги сместуваат субјектите, без разлика дали тие субјекти се стрејт или геј, во положбата на исклученото, на дисквалификуваното, на изведбеното, на неавтентичното, на несериозното, на патетичното, на мелодраматичното, на претераното, на извештаченото, на хистеричното, на феминизираното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, нејзиниот ефект бил да се лоцира душевен живот во социјалното наместо во само личното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)