Меѓутоа, се одвиваа во неколку европски градови каде масовно се хистеризираше поради нискиот просек на платата во однос на цените на производите кои беа исти како и во земјава.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Живее во најдождливиот европски град.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На платното во големата хала со поставен вагон, почнуваат да се нижат живи слики од рација спроведена во некој од европските градови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Двајцата стивнато гледаме: колони луѓе по улиците на познати и непознати европски градови, товарење во возовите, стражарни проследувања, растрчани униформи, есесовци, њилаши, усташи, трауматични документи во жива слика, собирани во различни држави, во оној морбиден зафат на уништување цел еден народ од лицето на Европа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се гледаше и убавото бело класично здание на Театарот, небаре пресадено од некој од големите европски градови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И на крајот светот секогаш ја победува историјата, на тоа потсетуваат и последните детски и мајчини пригушени крикови на камените пунски жртвени гробници во Картагина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Реки од луѓе бараа среќен пристан по европските градови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Овде посреќно го доживуваше и своето враќање од Цариград, зашто градот ги имаше задржано и обележјата на исламската култура па го нарекуваа, на времето, капија на Ориентот, а го споредуваа и со најубавите европски градови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)