Според нив беше дојдено време да се види низ османското наследство, кое се покажуваше дека е тоа и балканско и дека во голема мера било жртвувано, особено во завршната фаза од агонијата на Османската Империја, се претвори, според тогаш западните освојувачки пропаганди во борба на цивилизацијата против варваризмот, на напредното против племенскиот примитивизам, на прогресот против ендемската заостанатост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но крајната цел им беше: како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книги замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесување погрешни идеи, често накалемувани во иднината и народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLVIII Пред и по секоја работна сесија Татко и Климент Камилски влегуваа и излегуваа од нивните единствени библиотеки на Балканот, според разновидноста и необичноста на собраните книги, со мислата дека и обајцата се впрегнати во историска мисија, а кога ќе бидат познати конечните резултати од нивната работа и ако Бог им помогне тие да бидат објавени, ќе се дознае на Балканот и подалеку дека нивниот труд не бил залуден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие два лингво-интелектуални Дон Кихоти, како што вели нараторот, имаат своја цел: нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книгите замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесувањето на погрешните идеи, често накалемувани за во иднина кај народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)