Со нејзината теорија за „растот на социјалното“ и намалувањето на јавниот простор во модерноста, претставена во „Човечката состојба“, Арент застапува нагласено антимодернистички став: модерноста доведува до губење на јавниот простор преку остра поделба на современите општества на тесно политичка сфера од една страна, и економскиот пазар и семејството од друга.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од друга страна, Хабермас јавната сфера не ја гледа агонистички како простор за конкуренција/натпревар меѓу политичката елита; Хабермас има подемократско гледање на јавноста како сфера каде што оние врз кои влијае државната политика може да придонесат за нејзино формулирање, преку „слободен и неограничен дијалог меѓу разумни поединци“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)