Доаѓаме со круна доаѓаме со бели знаменца во некоја рака ветрот овде дува поволно за нашите раменца и кошулите нѐ галат во јаболката на вратот, има еден чуден пресек на тоа место низ него нѐ води вечерта по патот на свилата, сјајот, заплетот во пресврт еден скромен престол да седнеме пред да падне ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако нѐ веселат конечни сите далеку поставени цели гордоста ни расте со примамлив прелив нашите ноќи се бели, ние сме вечни мрежите се патишта со променлив пречник и тивка е тајната на нивните делти; заплетот нѐ чека со еластични пети да појдеме силни, да појдеме невини во нашиот млад беспомошен немир. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 135
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оваа моќ ја делиме, оваа моќ нѐ дели со стиснати заби и распнати стрели пристигаме со желба, одлучни и смели да си ги маѓепсаме ушите да си ги стоплиме душите на некој за нас запален оган гори преполн миг, незаборавен и богат кога сме се дале и кога невозможен се чини секој иден пораз. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 136
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)