Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа бликаше на жешкото сонце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сонцето посилно и посилно печеше.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Со очи смрзнато вгледани во небото, баздиме под жешкото сонце ослободени од се... меѓу два фронта, на ридот, во ровот, во бункерот, пред цевката и штикот, пред ножот и камата е таа - слободата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Велат, жешкото сонце ги подбуцнуваше суетните мечтаења на источните властодршци за непрегледаната моќ на новата Империја, потпрена со нивните гигантски статуи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Дворот пред куќата на Богдан преполн е со свадбари; едни играат оро, други седат на клупите крај ѕидот од куќата или крај масите под дрвјата, држејќи во рацете пагури со ракија и савчиња со вино, испотени од играње, од припекот на жешкото сонце.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стоеја така со часови покрај самиот брег на жешкото сонце, исправени или седнати на мали столчиња, распоредени на пристојно растојание еден од друг за да не си пречат во ловењето риба.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? не, претпочитувам да умрам!
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И така ќе ме остават на некое жешко сонце, на горештина...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дење се правевме за Маркос - за него пеевме, за него собиравме класја, за него трчавме по угорнинката со сонот во очите, за него на морнарите им ја заземавме лединката, за него со боси стапала удиравме строев чекор по жешкиот асфалт, за него стоевме под жешкото сонце, за него го голтавме првиот сув пченкарен залак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дење стоеја под жешкото сонце.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пладне е. Пржи жешкото сонце.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едната ги собираше пребегнатите од Корештата кои со се што успеале да понесат од дома гореа под жешкото сонце во Врбник и на приодите кон Билишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Додека стариот Елисон правеше грниња меѓу стадото овци, и додека Киова Индијанецот ја минуваше пладневната починка на крајот на кујната, под жешкото сонце, Сем лежеше на креветчето, размислувајќи за тоа во колку среќен свет живее и колку им е наклонет животот на оние чијашто мисија во животот е да забавуваат и да поттикнуваат задоволство.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тате лежеше долго на песокот покрај мене на жешкото сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)