женски (прид.) - рака (имн.)

Женската рака, создадена за задоволство, таа поезија во движење и продолжен орган на нејзината мечта, до пред малку веројатно лупела кромид собирала ронки од тепихот, или ја чистела рерната со жица.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)