жив (прид.) - сум (гл.)

Но не погодив ли неколкупати зашто немав кого да зарадувам - еве дојдов и жив сум?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Жив ли си, учителе? - Да, деца мои, жив сум и радосен што слушам вакви работи за вас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ЕВТО: Јас сум жив! Жив ли сум! Жив сум! Си се носам себеси на грб, како товар.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но, ете, жив сум. Барем досега.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Донке... Калешо.... прошепотив. – Не грижи се. Ете, и јас сум без едната и жив сум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога стивна пукотот, Трајан ја отфрли земјата, се пофати за главата, за раката, за ногата: жив сум, жив сум. си рече.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жив?... - Па не сум ангел, Донке... Жив сум...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па гледаш, жив сум, и детето ми е при мене живо и здраво.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Еве, жива сум, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)