Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Загледана во некоја замислена точка на бесконечноста се обидувам да му напакостам на сопственото тело, зошто душата и така ми е одамна затруена од отровот во белите цветови што растеа во недостижноста на тоа веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако некој се наведнува преку прозорецот
од другата страна на проѕирниот свод
меѓу вообличеното и невообликуваното
значи: Нептун се наведнал
Посејдон посегнал, стрепел страотно
китот убиец во височините се нурнал
свикнат на дно, на бездна
свикнат на најкусиот пат
до центарот, внатрешниот круг на Психе
до замислената точка, мигновената морфема:
едната глава на едната, другата на другата
страна, оностраната
медузо, пијавицо осмоока
стовариште за back-up фреквенција
за реставрација, свргни ја од власт
формата, поведи двобој
восторжи ја публиката, гледалиштето
дејството изделај го зад кулиси, класично
спушти го пердето, занишај ја сцената
оддалеку навева Вишниот
виши, виши вишнее
а под него тлее
водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сликарот на животот, создавачот на смрта, ткајачот на судбината, златен круг на времето кое ќе нѐ однесе до портата на чистилиштето. -„И што понатаму?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)