Кај Афитос, пак приморско село, намерно свртевме по десната патека за да можеме по заобиколен пат да го видиме сиот остров, или полуостров.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не се способни да се справат со пари, а до нив доаѓаат по заобиколен пат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Лично верував дека не постоеја негде близу ниту тие Кавракови што таа ги спомнуваше, ниту нивната колиба, а најмалку кучката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зошо ги користеше досетките? Зошто ѝ беше потребен заобиколниот пат па дури и измислицата?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се чудев, зошто морал да го избира подалечниот заобиколен пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и му реков: - Извинете, зарем ви има забрането вашиот претпосатавен Мирко Бунде да ја употребувате оваа врата која еве и јас можам да ја користам?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напалал најпосле таков заобиколен пат, (преку нејзината руска алтернатива Катјуша што многу му се допаѓала).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Си измислувал човекот заобиколен пат но за жал сепак не пристигнал кај неа (Кај неговата Катерина). Ни не слутел дека го фатил правецот кој води директно в зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Слушајќи како се соочуваа јагулите со патот кога на земјата постоеше Атлантида, и како откриваа заобиколен пат по големата фрактура на планетата Земја, тој се обидуваше во својот забрзан асоцијативен тек на имагинацијата, толку силна во егзил, да го најде следејќи го патот на јагулите, патот кон својата загубена татковина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Еј, а кој е тој на кого толку многу му се допаѓа девојката, која изгледа треба да сум јас, а ете, одбивам да му подадам рака на давеникот, а давеникот изгледа си ти?“, му рече, повеќе за да го исфрли од рамнотежа одошто да го натера да го напушти заобиколниот пат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таа, преку многу други заобиколни патишта, стигна и во родниот Поградец.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа постапка е аналогна на Платоновиот излет кон Египет во Федар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхесовиот заобиколен пат преку Хермес Трисмегист и митското потекло на Corpus Hermeticus е пат итро да се укаже на една маргинална, еретична традиција која исто така ја расеја метафората.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)