Како и во другите два цитата, и овој воведува странска - и тоа како - митологија, за да ја поремети логиката, логоцентричната логика, би рекол Дерида, на западниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ни Борхес ни Дерида не ја преземаат хегемонијата на грчко-римскиот дискурс здраво за готово; обајцата се наклонети кон извесен јудаизам во своите контакти со текстовите, а Борхес сака да замислува: “Александрија да однесеше победа наместо Рим, необичните, вознемирувачки приказни што овде накусо ги раскажав /пишуваше за гностицизмот/ ќе беа складни, величествени и обични.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако Борхес стана култен лик за Фуко, Дерида или Ролан Барт, тоа е токму поради систематската маргиналност којашто овде ја анализирав.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се разбира, како и Борхес, и Дерида сака да укаже на присуството на еретички традиции, каква што е кабалата, во западниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)