запален (прид.) - борина (имн.)

Востаникот-тобџија се наведна со запалена борина над горниот отвор од топчето и, пред да го запали барутот, проговори: - Ајде, братку, покажи си ја силата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Една ноќ, може тоа го видоа моите очи, може така ми се пристори, како да ја здогледав старицата, или нејзината сенка, како со запалена борина оди по рабовите од коријата, потоа се спушти во отворот на испосничката ќелија и исчезна во неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Самиот ли бил, пред да стане ова што е, некој друг и на друго место, иконописец под запалена борина, додека неговата свест таложела линија по линија врз парче оревовина?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Излезе во тремот, носејќи во раката запалена борина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан се врати пред колибата. Ја држеше запалената борина, свртен со грбот кон колибата, ѕиркајќи се во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Морам да се подготвам и за таква опасност“ - мислеше, стоејќи со запалената борина пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот заборавил на едно борово каченце запалена борина, се запалило сувото каченце, од него се запалил сноп жржаница исправена до ѕидот и вивнал пожар во кој дедо Иван нашол толку време колку да ја извлече пушката, две три черги и вреќичето со компири.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неколку вдовици сакале веднаш да појдат со расплетени коси и да ги побараат пресните гробови на своите луѓе, да поклечат со наведнати глави и со запалени борини над покојниците, да ги прекорат што ги оставиле самохрани и со нејаки деца, да ги обележат местата со нишан што ќе се памети, еднаш, по некоја година, синовите или браќата или тие самите со кош да ги пренесат коските на мачениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој излезе напред со сето достоинство на антички жарец, пред олтарот на боговите и ја прифати веќе запалената борина од еден гаваз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ноќе клекнати пред запалена боринка, свеќи веќе немавме, вгледани во Богородица се молевме за сите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Танејца, со запалена борина шеташе низ куќата, размислуваше и се тувкаше: „Тув, ми го нема детето! Задоцни!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)