Приспособил потоа дел од кошарата, направил огниште и до крајот на зимата живеел крај секогаш запалениот оган, во кошарата, прехранувајќи се само со по некое компирче без сол, по некое јаболче и со пресно млеко од овците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некаде му свети запален оган, угреано сонце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отпорот мора да се одгледува затоа што отпорот е преживување, а не дремењето над еднаш некогаш запалениот оган.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Му се чинеше дека точно знае како изгледа да се седи во ваква соба, во фотелја покрај запалениот оган во каминот, со стапалата на оградата и со чајник закачен на куката: сосем сам, безбеден, без никој да го посматра, без глас што го следи, без секаков звук освен пиштењето на чајникот и пријателското отчукување на часовникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пази сега, излегуваш од дома, надвор пукнала пролет (некогаш СВОЗ-от се правеше в есен, појма немам) и гледаш запален оган!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)