запален (прид.) - свеќа (имн.)

Зборот има големи очи Долго се загледуваше де во свешникот со запалени свешти де во некој стих од Пловидба во Византија на В.Б.Јејтс.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа е така, помислуваше, зашто без вас почеток нема но без вас нема ни - крај...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Луѓето се враќаа од црква со запалени свеќи, Ги засолнува впазуви, ги бранеа од пролетниот ветер, Итаа кон своите домови неизгаснат за да го внесат огнот на второто раѓање.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Партијата на Луција наскоро изгради најмоќна младинска организација; со ноќи поминуваа младинци од нивната партија под прозорците, во темните улички и со запалени свеќи го славеа, како што велеа, „пристигнувањето на слободата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во твојот манастир е запалена свеќа. Таа свети без престан. Пред иконите на твоите обожувани светци.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Низ телото на школката, не само што го слушам морето како бунтува во карпите, како дише и издишува, туку гледав чудна глетка: гледав морски брег, на брегот висока стена и во неа издлабена пештера, во длабочина трикорабен манастир со седум кипариси од левата и седум од десната страна, кај нив параклис и висока камбанарија, гледав калугери како влегуваат и излегуваат од манастирот со запалени свеќи во рацете.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште само по некоја женичка ќе му донесеше запалена свеќа и ќе се прекрстеше со сува рака пред неговиот навреден лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На моите баби: Велика, Милка и Севда, наместо запалена свеќа на нивниот гроб, иако знам дека ова е мало пламенче за да ја угрее нивната бескрајно испустена душа. П. M. А.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се топеше на горештината, се смалуваше како запалена свеќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И уште се сети дека таа, всушност, е овде дојдена само за да умре пред себеси, за да ја види смртта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште само по некоја женичка ќе му донесеше запалена свеќа и ќе се прекрстеше со сува рака пред неговиот навреден лик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Врати се, остави еден бисер на дното, случајно или намерно, остави запалена свеќа која не гори.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Имаше неколку запалени свеќи, а во едниот агол стоеја неколку икони и кандилце пред нив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Внатрешната светлина, како светлина во длабочината на душата, како запалена свеќа која никогаш не догорува, како да си ја имаше прекриено, со тивката тага која прикриено зрачеше од нејзините очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вечерта кога заврши, богослужбата, сите луѓе со запалени свеќи и кандила и масалчиња, тргнаа за дома носејќи го светлото од манастирот како благослов да им свети дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секој од блиските држи по една запалена свеќа, искрена молитва што на мртовецот ќе му го осветли патот до бога.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Пламенчињата од запалените свеќи, треперејќи во лесните повеви на ноќниот ветрец, бледо го засветлуваат оболеното лице на Ѓорѓи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Горе, на тумбата врз селото, крај запалена свеќа, на главата од мајката Дора, го здогледува замисленото лице на убавата учителка за која внучињата на баба Петра велеа дека ја чувствуваат како мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледав по расцутениот кантарион што му се нишаше над главата, ко запалена свеќа. „Ако се смешаш со змии, велеше дедо, не можеш друго да бидеш.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо не бил човекот, си мислам, освен една запалена свеќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)