И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оптоварени со тоа знаење и со торби и дисаги во кои ги носеа букварите пристигнати од Скопје, тргнаа низ костурските и леринските села да го носат штотуку запалениот факел на македонската просвета.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)