Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Недела Јули Мала музика во далечината, се буди светлината или ми се причинува низ бакнежот тишина, заплеткан во оние пајажини од цветови и лилјан, се подигнувам и без збор го дочекувам големиот ден, ден кој ветува сè.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Многуте нелогичности, карактеристични само за транзициониот период овде, низ кој, веќе многу долго минуваше мојата земја Македонија, создава слика: како сите да бевме заплеткани во средиштето на лепливата пајажина од пајакот на транзицијата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И ми стануваше јасно како ден дека и јас бев заплеткан во механизмот на Централата ...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги собираа од покривите, од дрвјата, како пловат низ водата или заплеткани во урнатините на куќите.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Одеднаш, нешто толку убаво ѝ засветка на сонцето со сите бои на виножитото, што таа се затрча натаму , но нешто страшно се случи: се најде заплеткана во танка прекрасна мрежичка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Сѐ уште потпрен со грбот на ѕидот, со прстите од едната рака заплеткани во русата коса, Македонецот ги читаше испишаните папируси.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Налактен на масата, Савле ја мрмореше својата последна утринска молитва во колибата, оти срцето му кажа дека оној што зад него ги читаше неговите чкртаници е последниот што треба да го пречека и да го одведе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И така само израснуваше тоа во него, грижливо криено и придушувано од неговите рачички, што беа вредни, но веќе и премногу обрастени и заплеткани во коровот на тоа проклетство; се вкоренуваше тоа темелно во него низ сончевите денови на едно цело лето; деновите остануваа лилави и без никаква виделина за ова старче високо на скелињата горе, дури не стаса и до соништата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот.
Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250
Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сакам да кажам: распнат помеѓу иднината и минатото, заплеткан во преплетувањето на временските (нивоа) рамнини.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се разбира дека за ова не можев да се расправам со Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нејзината сегашност сѐ уште е заплеткана во неволјите на минатото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Впрочем, немав ни право на тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не дојдов во женева поради тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)