Обајцата имаа засипнати гласови и личеа еден на друг.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пишпирик и Барут- бег пееја: Спрегнати сме, мачен ние патов, но сеедно – ќе имаме злато.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тогај морен нема да шепнам за спомен со засипнат глас, а бурно, ех, бурно ќе викнам: ете нѐ братко, најсреќни нас!
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Кр-кр-кр-кр, - се смееше и сега стариот со својот засипнат глас.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Детето брзо зема камен, но пред да замавне, го сепнува нечиј засипнат глас: - Што правиш тоа, малечок?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дали почнуваше да кркори? Засипнатиот глас небаре не беше негов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)