Без своите сиџили, беше како во затворска ќелија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Гоце и Ѓорче влегоа внатре во мрачната и тесна затворска ќелија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брате Ѓорче! - Брате Даме! - викнаа двајцата посетители.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Собата во која се наоѓавме ми се чинеше како затворска ќелија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Двата лика, кои власта ги привела бидејќи се опасност за општествениот поредок, се затворени во истата затворска ќелија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пуиг прикажува двајца општествени изопштеници: првиот е геј-маж маѓепсан од филмска ѕвезда, чии гламурозни филмови што се случуваат во денешницата, полни со восхит кон повисоките сталежи, изворно требало да служат за ширење нацистичка пропаганда; вториот е стрејт, строг, идеолошки исправен марксистички револуционер, чии политички заложби исто колку и неговата хетеросексуалност исклучуваат секаква наклонетост кон педерлакот и естетичноста (особено кога се работи за естетичност од таков реакционерен вид).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете, остана и без спомени. Се обидуваше да се сети на некоја палавост во детството. И едвај успеваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тука бев можеби и посигурен”. „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата. „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со текот на времето, си мислеше рабинот во затворската ќелија, неговата личност се изгради со знање, стекна интелигенција и изразита рационалност, опит, па и мудрост, но не се зацврсти со силата на волјата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ете деновиве го пуштија на слобода и Готлиб, Хинко Готлиб, неговиот цимер-колега од затворската ќелија, еврејски новинар од Загреб и тој, подготвувајќи се за заминување, му рече дека се враќа дома. „А како е кај тебе дома?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)