зафрлен (прид.) - наназад (прил.)

Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Се плашам да бидам слободна,“ ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Жена му, со главата зафрлена наназад, проучувајќи ги ѕвездите веднаш над неа промрморе, „Зошто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)