здрав (прид.) - живот (имн.)

Современа инстанца на здрав живот и здрава нега на косата и кожата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ваквата азијатска провокација го вознемирува раперот Легезин од Нигерија (стан бр. 3), којшто по вокација е противник на здравиот живот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Заразен од здравиот живот, осум кила здебелен од диетите, заспивав наизустувајќи си ја историјата на болеста.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тоа зборува дека членовите на фамилијата се однесуваат доста грижливо со просторијата потребна за водење комотен и здрав живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако веќе се знае дека животот е сон, времето може ли сонувач да биде?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Какви соништа им се вртат во тркалата на суриите велосипедисти, ролери и други далдисани во здрав живот?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
1. Од Еколошката секција при нашето училиште бев задолжен да извршам разговор со претседателот на Еколошкото друштво „Здрав живот“ - Кочани (името не го пишувам, лично сметам дека претседателите се менуваат, а принципите остануваат).
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој ми рече: а) Еколошкото друштво „Здрав живот“ - Кочани спаѓа во редот на најактивните друштва во Македонија. Формирано е 1993 година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Писмото го завршуваат вака: - Низ целата година ќе ги подржуваме еко активностите, со цел да ја разбудиме свеста кај загадувачите, па конечно да превземат мерки за заштита на локалната средина, зашто тоа е еден од најважните услови за еден здрав живот во нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Козите кои ги придружуваат селаните се симбол на слободата, на здравиот живот и на единството на нивните семејства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)