Обемот на полномошното го определува странката и таа може да го овласти полномошникот да презема само определени дејствија или да ги презема сите дејствија во постапката (чл. 85, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, во работните спорови работникот како полномошник може да го застапува и лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот, или во сојузот на синдикатите во кој е здружен синдикатот чиј член е работникот (чл. 406, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)