Се исплашија дека не само што не ќе имаат можност да ги допрат наследените пари, туку постоеше реална можност да го загубат и Томо, сигурниот извор на пари, златниот рудник од кој секогаш црпеа за благопријатното живеење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така арамијата Толе стана рударски работник во златниот рудник на Алатини и Шарио.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Првиот бизнис на Пепелашка Кога за 12 фотографии од матично ќе платиш колку за вечера за сите гости од страната на невестата тогаш треба да бидеш глупав, а да не се сетиш дека овој занает за млад човек е златен рудник.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Султанот и го продаде стариот златен рудник во Рожден на италофранцуската компанија Алатини и Шарио за сто години и тие го прекрстија местото од Маданот во Ал-Шари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)