златен (прид.) - средина (имн.)

И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога станува збор за политиката, тогаш, освен екстремистичките ридикули на десното крило, речиси и нема никого кој би сакал да биде некаде другде освен во златната средина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Може да се рече дека синтагмата и башка и барабар, изразувајќи ја состојбата на златна средина, односно чувство за мера, умереност, воздржаност, претставува цивилизациски модел како да се сочуваат зачуваат традиционалните вредности на својот народ, но и да се споделат како заеднички со сите етнички и верски заедници на времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)