златен (прид.) - ѓердан (имн.)

Додека со Авни малата Сања го правеше тоа што никогаш пред тоа не го направила, (Авни ноќта на белиот врат на девојчето и го стави најубавиот златен ѓердан од полиците на “Карат”), тетка Асја за прв пат почувствува желба и таа самата да биде дел од играта, а тоа го посака со необичната сила на жарот што ѝ заискри под папокот и пламна во градите од кои потече жешка лава надолу по слабините, а потоа меѓу нозете, таму каде што се допираат дебелите меса и од кои, во горниот дел, од засекот меѓу растреперените устинки извира сета женскост со залудена страст која го брише и последното парче од разумот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По тој повод, Брчалото прво преку глава ја извади врвцата за чевли од вратот и ја разоткопча кошулата до над папокот, го ископа од дното на куферот својот златен ѓердан со медалјон, на којшто американскиот орел горделиво како преку цел свет ги ширеше своите крила и преку глава си го навре на вратот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Носел и златен ѓердан, но децата не го видоа кое од страв, а кое и затоа што му го покриваше брадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На зајдисонце, ете ти го Брчалото, сега во отровно зелена кошула, пак светликава наспроти зајдисонцето, разградена до над папокот, со ракавите запрегнати и со златниот ѓердан на вратот, ѓерданот на којшто висеше американскиот орел со разлатно раширени крилја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)